Преговори за нова влада: Заев и Ахмети два и пол часа во седиштето на СДСМ

SDSM

Два ипол часа зад затворени врати на тет-а-тет муабет. Мандатарот Заев и неговиот иден коалицски партнер Ахмети се договориле идниот период да се договарат за ресорите и министрите, пренесува Телевизија 24.

Денеска зборувале само за принципи и приоритети. Ова е барем заклучокот од синхронизираните соопштенија кои што стигнаа по состанокот на Бихаќка. Ресорите и идните минситри ќе се договарале по наредниот период меѓу сите партии од мнозинството.

Неофицијално пресекот веќе е нацртан околу поделбата на владиниот колач. Според неофицијални информации, планот е на контото на Ахмети да се прокнижат 4 министерства и двајца вицепремиери: образование, економија, локална самоуправа и животна средина, здравство се ќе чува за Алијансата за Албанците додека, пак, БЕСА доколку реши да оди на Илинденска ќе добие нешто од министерствата на Заев.

Дека, како што велат, ресорите не се битни туку кадрите, но и принципите и официјално порачаа од СДСМ. Партискиот портпарол уште додека траеше состанокот, вели дека особено е битен принципот осомничени од СЈО дане бидат дел од новиот кабинет.

Со Билал Касами и Зијадин Села, состанокот се очекува Заев да има викендов. Села, според информациите, се враќа вечерва во државата.

Параралено со преговорите за новиот состав се пегла и програмата на новата Влада, за која што од СДСМ велат дека веќе е промовирана, што значи мандатарот очекува зад неа да застанат и од ДУИ, БЕСА И Алијансата.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *