Преку 150 земји погодени од најголемиот хакерски напад досега

tastatura_enter_brif

Најголемиот хакерски напад во историјата со „ransomware“ вирус се заканува да предизвика уште поголем хаос во понеделник кога започнува новата работна недела. Роб Вејнрајт, шефот на полициската агенција на ЕУ Европол, во изјава за британска телевизија потврди дека петочниот сајбер напад е без преседан според бројот на заразени компјутери – повеќе од 200,000 жртви во најмалку 150 земји.

– Се соочуваме со проблем кој ескалира, загрижен сум дека бројката на заразени компјутери нагло ќе порасне во понеделник кога луѓето ќе се вратат на работа, изјави Вејнрајт.

Организации ширум светот во текот на викендот ги санираа штетите од компјутерски вирус кој ја презема контролата врз заразениот компјутер и го заклучува се додека жртвата не му исплати откуп на хакерот.

Болници, големи компании и владини служби се меѓу најпогодените од овој сајбер напад. Според експерти, цел на најголем дел од нападите се Русија, Украина и Тајван, но големи штети се направени на британскиот здравствен систем, универзитети во Кина и глобални компании како ФедЕкс.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *