Пристигнаа во Милано: Џорџ и Амал Клуни прв пат во јавност со близнаците

amal_kluni

Амал и Џорџ Клуни во понеделникот слетаа во Италија со своите малечки близнаци Ела и Александар.

Актерот изнајми приватен авион кој ги донесе до Милано за да им обезбеди на сопругата и едномесечните бебиња што поудобно патување.

Познатата брачна двојка по прв пат со децата отиде на патување, а исто така првпат се видени со новороденчињата во јавност.

Големото семејство Клуни ќе помина неколку дена во Италија во семејсната куќа на езерото Комо.

Амал и Џорџ во 2014 година се заколнаа на вечна љубов токму во Италија и сега, како што пишуваат странските медиуми, планираат да ги обноват заветите, и тоа на посебна церемонија на која ќе присуствуваат и нивните деца.

-Тие двајцата планираат дури и забава за добредојде за своите близанци, и тоа на третата годишнина од бракот. Тогаш ќе ги обноват заветите пред најблиските пријатели и членови на семејството, вели извор за магазинот „Клосер“.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *