Протест пред СЈО против притворот за Кочан

sjo

Вработените во фирмите што се сопственост на бизнисменот Сеад Кочан денеска протестираа пред просториите на Специјалното јавно обвинителството. Како што се соопштува од ТВ Нова, која исто така е во негова сопственост, протестите се одржуваат како реакција на барањето на СЈО за притвор на сопственикот на телевизијата со што, како што велат, неосновано се вршело притисок за замолчување на медиумот.Најавуваат секојдневно едночасовен протест на разни локации од 13 до 14 часот. Апелацискиот суд во пресудата објавена во петокот побара екстрадиција и спроведување во затворот во Шутка на Кочан кој првоосомничен во случајот „Труст“ на СЈО.Апелација потврди и дека тој се наоѓа во бегство и дека со возило ја напуштил земјава на 9 март. Истиот ден на Кочан му беше одреден притвор од Кривичниот суд.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *