Регулаторна: Бензините поскапуваат за 2.5, дизелот за 2 денари!

gorivo_1_BRIF

Регулаторната Комисија за Енергетика реши да ги зголеми цените на горивата – од вечерва бензините поскапуваат за 2.5, дизелот за 2 денари!

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 4.58%. Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 67.50 односно 69.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 2 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 52.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *