Родилка од Битола починала од сепса

brza-pomos

Триесетиедногодишна битолчанка починала пред два дена од компликации после породувањето од пред шест недели, а веќе еден месец се борела за живот.

Бебето е добро и има 40 дена, а нејзе, само после две недели од породувањето, состојбата и се влошила, имала висока температура, болки во стомакот, низок притисок, и плус била дијабетичар.

На социјалните мрежи има информации дека лекарите во Битола ја лекувале од стомачен вирус сè додека пред неколу дена не ја донесе на скопските клиники, на одделот Карил, каде починала од сепса.

Неофицијално, причина за сепсата е тоа што при породувањето со царски рез во битолската болница и бил заборавен инструмент од операцијата во телото.

Плусинфо



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *