Родители на деца со попреченост поставија шатори пред Собранието

protest4

Здружението „Сплотени срца“ на родители на деца со попреченост, постави шатори спроти Собранието на Македонија во паркот Жена борец во центарот на Скопје, за да привлечат внимание на пратениците и на јавноста од кои бараат да ги слушнат нивните проблеми.

Од Здружението велат дека две вечери ќе преспиваат во паркот, а во сабота ќе се повлечат. Родителите бараат стручен кадар во Центрите за деца со попреченост во развојот, квалитетна терапија, инклузија во образованието, но и центри каде нивните деца би биле сместени по нивната смрт. Тие бараат промена на закони за полесно да се снаоѓаат во системот и да си ги остварат своите права.

Во паркот дојде и министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими и порача дека имаат подадена рака од него. Вели дека барањата кои се однесуваат на Министерството ќе бидат прифатени. Министерот вели дека измените на законот ќе ги поминат на седница на Влада, но напомена дека Собранието не е конституирано за да може законите да бидат изгласани.

Протестот го поддржуваат и други здруженија.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *