Рускиот амбасадор во Атина пронајден мртов

ruski_ambasador_grcija

Рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маланин, денеска е најден мртов во неговата резиденција во центарот на Атина. Според првичните информации во грчките медиуми, амбасадорот починал од природна смрт и нема знаци на насилство на телото или насилно влегување во домот ниту, пак, кражба на предмети.

Соработниците на 55-годишниот амбасадор од руската амбасада во Атина се загрижиле откако тој не се појавил на работа. Првично, сами отишле до резиденцијата и откако никој не им отворил врата, ја повикале полицијата за да може да влезат во неговиот дом.

Во резиденцијата испитување врши единицата за криминални дела и ќе биде извршена аутопсија за да се открие причината за смртта.

Извор: Мета



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *