Руското МНР контра Вашингтон, бара од Путин да протера 35 американски дипломати

lavrov

Руското министерство за надворешни работи повика од земјата да бидат протерани 35 американски дипломати од Русија, како одговор на потегот на Вашингтон, кој вчера протера идентичен број руски дипломати од земјата од САД, јавува „Би-би-си“.

Министерот за надворешни работи на Русија изјавил дека барањето за протерување на американски дипломати веќе било испратено до претседателот Владимир Путин.

Администрацијата на Барак Обама на 35 дипломат им даде 72 часа да ги напуштат САД и затвори две претставништва во Њујорк и во Мериленд, кои биле користени од руски разузнавачки служби. Акцијата на Обама следува по наводите на САД дека Русија стои зад хакерските напади на Демократската партија и на предизборната кампања на Хилари Клинтон.

Русија, од друга страна, негира каква било вмешаност во хакерските напади.

Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави дека администрацијата на претседателот Барак Обама заминува од власт во „антируска смртна агонија“.

Американските разузнавачки служби, вклучувајќи ги Федералното истражно биро (ФБИ) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА), заклучија дека целта на хакерските напади била да се предизвика штета на кампањата на Клинтон, а во корист на Доналд Трамп.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој официјално треба да ја преземе претседателската функција на 20 јануари, наводите за хакерските напади ги нарече „смешни“.

Мета



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *