СЈО поднесе жалба за притворот на Кочан

sjo2

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба до Кривичниот суд, откако судија на претходна постапка одлучи да не му одреди притвор на бизнисменот Сеад Кочан, како што бараше СЈО, туку му го одзеде пасошот и прифати гаранција од речиси 1 милион евра.

Сега Кривичниот совет има рок од 48 часа да одлучи по жалбата на СЈО.

Врховниот суд минатата недела го укина решението со кое му беше одреден притвор и постапката се врати на повторно одлучување.

Кочан беше во бегство повеќе од два месеца, а во Македонија се врати откако Врховен му го укина притворот. Тој е осомничен дека како управител на „Трансмет“ дека заедно со уште две фирми формирал конзорциум кој со лажна документација добил тендер од државната ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *