СДСМ: Вршителот на должноста претседател е должен да овозможи формирање влада

ivanov3

Парламентарното мнозинство избрано на легитимни избори од околу 700.000 граѓани ќе постапи според уставните должности и ќе ги избере новиот собраниски претседател и новата реформска Влада, порачува СДСМ.

Партијата повикува дека државата мора без одложување да профунционира за граѓаните, кои четири месеци чекаат да се реализира нивната јасно изразена волја за промени.

„Трајко Вељаноски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и вршителот на должноста претседател на државата Ѓорге Иванов, се должни да дозволат демократските процеси да продолжат! Парламентот и сите институции имаат обврска да го овозможат формирањето на Владата низ мирен трансфер на власта. Секоја институција и секој поединечно мора да биде свесен дека постапувањето спротивно на државните интереси е погазување на Уставот и правото и загрозување на стабилноста на Македонија и повлекуваат одговорност. Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво и опструкциите да се реализизира мнозинската граѓанска волја мора веднаш да престанат“, се наведува во соопштението.

Македонија ќе ја добие новата реформска Влада што ќе го обезбеди владеењето на правото, квалитетен живот за сите и евроатлантски перспективи, велат од СДСМ.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *