Седумте клучни поенти од интервуто на Груевски за “Дневник„

gjorgji_spasov_3

Прва поента: „ Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена„
Значи: Нема да составам влада.

Втора поента: „Албанските партии не сакаат да коалициараат со ВМРО ДПМНЕ, бидејќи се под притисок на медиуми, лица што ги водат, припаѓаат или се соработници на Соросовата фондација, на некои странски политичари, дипломати а сите тие се раководени од еден Центар„.
Значи: Албанците немаат своја волја.Тие се под притисок а тој одлучува слободно. Човекот живее се уште во парноја од странски служби и жолти комбиња.

Трета поента: „Ако, како победничка партија, бидиме изиграни од ДУИ, и направи влада со поразениот наместо со победникот,тоа ќе значи утврдување на нова практика и традиција кон која ние ќе се приспособиме.
Значи.: Нема да формираме влада овој пат, ама ќе ја казнуваме ДУИ секогаш кога ќе се враќаме на власт и ќе правиме влада со други партии. (Секако. Откако ќе ја издржиме заслужената казна затвор за криминалот)

Четврта поента: Двојазичност во цела Македонија и кантонизација не може да биде реализирана ако ВМРО ДПМНЕ е против. Во ДУИ знаат како тоа ќе го спречиме. Не сакам да ги откривам плановите.
Значи: Во ДУИ треба да бидат сигурни дека само со помош на ВМРО ДПМНЕ може да се обезбеди двојзачност и кантонизација. Ние џабе го обвинувавме Зоран Заев за ветување на двозјачност, кантонизација или федерлизиација. Тоа беше кампања за заплашување на народот. Само со нас ДУИ може да реализира такво нешто. ДУИ знае како.

Петта поента.„ Од авион се гледа, дека СЈО работи под сугестија на некои амбасади, и очигледно некому надвор СЈО му треба за продолжување на кризата во Македонија и за држење во заложништво на една политичка партија за да реализираат некои други цели некои прашања за кои подолг период се обидуваат да најдат решение и кои се главната причина заради кои се создаде кризата како обид за отстранување на ВМРО ДПМНЕ од власта.„Со продолжување на мандатот на СЈО ќе се пролонгира кризата во Македонија.

Значи. СЈО ја создава и одржува кризата. Тоа е инструмент на странски сили за отсранување на ВМРО ДПМНЕ од власт и за остварување на други цели (за кои говорат Никовски, Латас и Мирка кои дообјаснуваат и кои се тие странски сили на чело со САД кои работата против интересите на Македонија.)

Шеста поента: „ДУИ се злага за продолжување на мандатот затоа што од нив разбрав дека се под притисок на „заеднички пријатели„ кои и кога се формираше СЈО во јули 2015год. ги натера да изјават дека ако не се формира СЈО едните ќе излезат од владата а другите нема да влезат„.
Значи. Виновни се Американците . Ама не кажувам јавно бидејќи сум „сериозен„ политичар.

Поента седум:„ Џорџ Сорос има и подиректен личен ангажман во создавањето на кризата во Македонија, чиј главен столб беа објавените креирани материјали од телефонски разговори. Ги имам информациите во детаљи но не сакам да ги објавувам во овој момент.Располагам со информации дека тој има личен ангажман во врска со крупни операции поврзани со подготовките на кризата во Македонија. За таа цел има остварено средби, разговори и соработка со премиер на земја членка на ЕУ и со премиер на земја која не е дел од ЕУ. Кризата во Македонија не е подготвувана во еден Центар туку најмалку во два и оперативно е дејствувано од тие два центри.
Значи:Виновни за кризата во Македонија ( не се фалсификувањето на изборите, прислушувањето и криминалот на власта и гневот на оние над 600 илјади граѓани кои гласаа за промени) туку е виновен лично Џорџ Сорос, за чија улога Груевски тврди дека располага со цврсти докази, а во овој вид на „државен удар„ бил вклучен и еден премиер на земја членка на ЕУ и еден премиер на членка која не е дел од ЕУ кои тој веројатно ги следи и прислушува. А додека Груевски не каже на кои премиери мисли, до тогаш се обвинети или се под соменеие сите премеири на земјите членки од ЕУ и сите премиери на земјите што не се дел од ЕУ.

Ѓорѓи Спасов



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *