Шведска ја прекинува истрагата за Асанж

dzulijan-asanzh

Шведската обвинителка Маријане Ни на прес конференција соопшти дека се прекинува истрагата за наводно силување која се води против основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Обвинителството ја прекинува истрагата заради истекување на роковите за европската потерница.

Асанж од балконот на еквадорската амбасада во Лондон изјави дека нема да го заборави или прости „куќниот притвор“ во кој живее од 2012 година, откако беше покрената истрага и побарано неговото апсење заради наводно силување. Лондонската полиција официјално соопшти дека се уште се бара неговото апсење, овојпат заради непојавување на суд. Асанж живее во амбасадата на Еквадор бидејќи стравува од можна екстрадиција во САД каде го очекува судење за објавување на преку 500.000 доверливи документи на Викиликс.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *