Шведската полиција уапси осомничен за вчерашниот терористички напад

sweden_police

Мажот кој беше приведен вчера вечерта во предградие на шведската престолнина и за кој во текот на ноќта беше изречена мерка притвор, е осомничен дека го возел украденото камион кој прегази пешаци на централна улица во Стокхолм и потоа удри во трговски центар, соопшти портпаролот на шведската полиција.

– Мислиме дека мажот кој е приведен под стража е сторителот на нападот, изјави портпаролот Ларс Бистром.

Според шведските медиуми станува збор за 39 годишен Узбекистанец кој бил симпатизер на организацијата Исламска држава.

Во нападот вчера загинаа четири лица, а беа повредени 15.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *