Скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко

Policija_BRIF

Е.К. (30) од Пехчево синоќа околу 19:10 часот скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко. Немилиот настан се случил на автопатот Скопје ­ Велес кај местото Ветерско, а Е.К. и покрај потрагата која траела до полноќ, не бил најден.

Како што соопшти полицијата, Е.К. најпрво се паркирал со возило на просторот кај Ветерско, потоа излегол од него и скокнал. Пребарување на теренот извршила екипа од ЕСЗ „Тигар“, но безуспешно. Рано утрово околу четири часот Интерното одделение на ЈЗУ ­ Велес пријавило дека лекарска помош побарало лицето Е.К., кое било донесено од роднина. Се работи на целосно расчистување на случајот.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *