Смртна казна за 23 годишен убиец на 9 Афроамериканци во Јужна Каролина

44

23 годишниот Дилан Руф е осуден на смртна казна за расно мотивираното убиство на девет Афроамериканци во една црква во Јужна Каролина, јавува Би-Би-Си.

Руф е обвинет по 33 точки, вклучувајќи и расна омраза, откако тој во 2015 година во јуни, со пиштолот што му го подарил татко му за 21 роденден во април, изврши масовно убиство врз 9 Афроамериканци кои се молеле во локалната црква.

Руф наскоро полни 23 години. Тој не покажа никакво каење за сторениот чин и пред поротата изјавил дека чувствува дека и сега био требало да го направи тоа , ако има можност.

По три часа расправа, поротата донесе одлука за смртна казна.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *