Со безбол палки истепани гости и газда на локал

policija_vozilo_BRIF

Три непознати лица синоќа, во 21.30 часот, со безбол палки физички го нападнале Н.З., сопственик на угостителски објект во Скопско поле, соопшти полицијата. Разбојниците нападнале и повеќе гости кои биле во локалот.

Ги удирале по главата и телото, при што се повредени Ш.М. (33), Н.Б. (38), К.М. (23), сите од Трубарево, Р.В. (34) од Кавадарци и А.Ј. (29) од Скопје. Никој од повредените досега не побарал лекарска помош.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *