(ВИДЕО) Со страсниот бакнеж Моника Белучи ги шокираше сите во Кан

monika_baknez

Вчера во Кан бил отворен јубилејниот, 70-ти по ред Филмски фестивал. И додека некои дами се истакнувале со тоалетите, други со длабоки деколтеа, трети со процепи, Моника Белучи на сите дами им го украла вниманието кога чекорела на сцената.

Моника заедно со францускиот комичар, Алекс Луко, го водела програмот, а на публиката ѝ бил претставуван филмот “Исмаилски духови” на Арно Деплешен. Меѓутоа, за да ги забавува гостите, Моника, која воедно и ќе ја затвори овогодинешната манифестација, почнала да танцува, а потоа одненадеж и го бакнала комичарот. Овој бакнеж бил дочекан со воодушевување, а многумина биле шокирани од смелоста.

Белучи, облечена во долга тегет тоалета, рекла дека “идентитетот на филмот нема ни род, ни знамиња ни граници” и му оддала почит на Алмодовар, “човекот кој ги сака жените”.

Бакнежот траел неколку секунди, а потоа се слушнал громогласен аплауз.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *