СПОРЕД НАЧИНОТ НА СЕДЕЊЕ, ЛЕСНО МОЖЕТЕ ДА ОДРЕДИТЕ НЕЧИЈ КАРАКТЕР

sedenje

Многумина од нас поголемиот дел од денот го поминуваат во седење, бидејќи такви ни се работните позиции. Дури и ако вашата работа не бара да го поминете поголемиот дел од денот зад биро, сигурно поминувате многу време седејќи на креветот, во кујната или во удобно столче.

 

Додека долгото седење може да има несакани ефекти на нашето здравје, постои нешто за седењето кое луѓето не го знаат. Всушност, начинот на кој седите може да каже многу за тоа каква личност сте. Дали седите со вкрстени нозе? Или секогаш ги вкрстувате глуждовите? Што е со оние од вас кои сакаат да седат на подот? Погледнете што има да каже за вас начинот на кој седите.

1. Вкрстени нозе

Вкрстувањето на нозете укажува на отворена и безгрижна личност. Оваа позиција, со колената раширени на страна, покажува дека сте отворени за нови идеи. Исто така, флексибилноста која е потребна за овој начин на седење покажува дека сте и емоционално флексибилни.

2. Исправени, со добро држење

Како што можете и да претпоставите, оваа положба покажува дека имате голема самодоверба. Ако ова е вашата вообичаена положба на седење, вие сте силна и доверлива личност и секој ви се обраќа вам кога има потреба од помош или утеха. И иако сè ви е под конец, вие знаете како да се забавувате и како да уживате во малите работи во животот.

3. Навалени наназад

Дали сте знаеле дека ако се навалувате наназад на вашите раце, вие сте добри аналитичари? Навалувањето на рацете ви овозможува да набљудувате некоја ситуација без да се вклучите во истата. Ова значи дека сакате да го примите она што го гледате, но сте многу внимателни пред да се вмешате. Исто така сте и внимателна личност и многу често сте свесни за чувствата и емоциите на другите.

4. Вкрстени глуждови

Вкрстувањето на глуждовите значи дека сте отмени и елегантни, но истовремено отворени и приземни. Бидејќи ова е релаксирачка положба, таа укажува дека се чувствувате удобно. Бидејќи седењето со вкрстени глуждови изгледа „кралски“, ќе направите секој околу вас да се чувствува уверено.

5. Стискање на потпирачите за раце

Ако седите здрвено и ги користите потпирачите за раце, тоа значи дека сте чувствителни и секогаш сте свесни за вашето опкружување. Потпирачите ве поддржуваат и физички и емоционално. Тие исто така ви нудат удобност и безбедност. Користењето на потпирачите често значи дека вие сте стабилна и приземна личност и вашите пријатели ве гледаат како емоционална поддршка.

6. Вкрстени раце

Вкрстувањето на рацете често е знак за сила, одбранбеност и самодоверба. Исто така значи дека се чувствувате заштитнички бидејќи буквално го штитите вашето тело користејќи ги рацете. Луѓето кои ги вкрстуваат своите раце обично се внимателни, сериозни и по природна се добри аналитичари.

Навалување на страна

Седењето со вашите колена на една страна често укажува на деликатна и грижлива личност. Оваа положба може да значи и дека се чувствувате флертувачки. Ако вашите гради и колена се насочени кон потенцијален партнер, вие покажувате дека сте отворени и достапни.

8. Дланки во скут

Ако мирно ги држите вашите дланки во скутот, вие сте срамежливи и внимателни. Оваа положба исто така прави да изгледате смирено. Вие ги чувствувате емоциите на другите и сте многу сочувствителни и нежни.

9. Клечење

Бидејќи ова не е многу лесна положба, таа значи дека сте наметливи и од голема помош. Често, луѓето кои поминуваат многу време клечејќи се родителите кои си играат со нивните деца. Вие сте роден лидер, брзи сте и сте многу добри во решавање на проблеми.

10. Седење во средина

Седењето на средината на клупа, маса или кревет кажува дека имате голема самодоверба. Несигурните луѓе се грижат за тоа каде да седнат, но вие си седнувате каде што сакате без да размислувате за тоа. Вие сте храбри, пријателски настроени и многу лесно создавате нови пријателства.

11. Вкрстени нозе и мрдање

Ако често ги вкрстувате нозете а потоа ги мрдате или тресете, вие сте организирана личност. Секогаш ги исполнувате ветувањата и секогаш сте смирени – дури и кога околу вас има вистински хаос. Исто така ги загледувате деталите. Поради ова, вам ви е многу лесно да ги читате луѓето и секогаш сте достапни за пријателите на кои и им требате.

12. Преклопени дланки во скутот

Луѓето кои седат со дланките учтиво склопени во скутот често се смирени и добри. Можеби не се доживувате како социјална личност, но вие сте прекрасен соговорник и многу лојален пријател. Вие често сте набљудувачи, но кога ќе кажете нешто другите ве слушаат и ве почитуваат.

13. Испреплетени прсти во скут

Ако ги испреплетувате прстите силно во вашиот скут, вие веројатно сте страсна и емоционална личност. Не ви е лесно да ја криете вашата страст за животот, и поради ова луѓето се привлечени кон вас. Вие сте топла и добра личност и обожавате да ги насмеете другите.

Среќа.мк



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *