(ВИДЕО) Станковиќ: Оваа влада потроши седум милијарди евра повеќе

Emilijan_Stankovic

Со сите лански и преку лански дискусии за буџетите од 2009 година наваму, реториката на претставниците на ВМРО ДПМНЕ е идентична.Таа без исклучок е полна со ароганција, самобендисаност и аздис кој што мислам, не е својствен за ниту една предходна Влада, рече пратеникот Емилијан Станковиќ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет.

-Овој министер за финансии ја испушти шансата да се извини за тоа што на 24 декември избра наместо добар економист, да биде слеп партиски војник, кој диригираше со рака додека специјалните полицајци исфрлаа жени, пратенички од пленарната сала. Ја пропушти шансата да се извини што не ја говореше вистината кога ја убедуваше јавноста дека владата прифатила 44 амандмани за овој актуелен буџет,ја пропушти шансата да се извини, што стана со извршител во противуставното исфрлање на претставниците на медиумите од собраниската галерија и што стана со извршител на против уставното усвојување на буџет за 2013 година. Дали е точно дека за седум години Владата на Никола Груевски потроши 15 милијарди евра или седум милијарди евра повеќе од сите предходни влади? Дали граѓаните сега, живеат подобро од 2006 година? Не. За колку пати поскапеа основните животни продукти од 2006 година до сега? Дали е точно дека од 2008 година кога одговорното лице З.С., стана Министер за финансии дефицитот за фондот на пензиско и инвалидско осигурување е зголемен од 6 % на 22 %? Јас не знам како ќе ни велите дека невработеноста се намалува на 28,8 %, нема попис. Како што не знаеме од која бројка или од која бројка на работоспособни граѓани се измерило дека 28,8% се намалила невработеноста. Прашувате дали СДСМ има програма, да, СДСМ има програма и во таа програма ќе има пари и за поврат на ддв и за повисоки социјални помошти и ќе има пари за рамномерна распределба на приходот во буџетот, ќе има средства да се врати средната класа. Како што ќе спроведеме праведен данок, затоа што сметаме дека тоа е добро за граѓаните на Република Македонија . И кога се обидувате да направите алузии што направил СДСМ, ќе ви одговорам. СДСМ ги удри темелите на оваа држава, се боревме оваа земја да биде меѓународно призната, ја признаа повеќе од 130 земји, под уставното име, 3 од 5 постојани земи членки на советот за безбедност. Во 2006 година кога одговорното лице З.С. се врати од САД оваа земја беше пред портите на НАТО. Наследивте држава меѓународно призната со огромен број на пријатели и со меѓународен углед-рече Станковиќ.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *