Стопанската комора бара алкохол да се продава без временско ограничување

alkoholni_pijaloci

продажба на алкохолни пијалаци по 19 часот односно 21 часот и укинување на обврската за поседување на лиценца за продажба на алкохол , за овие барања Стопанската комора на Македонија денеска ќе поднесе иницијатива за изменување на Законот за трговија до министерството за економија. Оттаму велат дека во изминативе 9 години од примената на овие ограничувања во трговијата, се нанело голема штета на трговците на големо и мало, како и на компаниите од домашната индустрија за производство на ваков вид на пијалаци, предизвикало и намалување на бројот на работни места.

-Над 5000 трговски објекти се откажаа од продажба на алкохол, со што драстично се намалил нивниот промет, изјави Елена Милевска-Штрбевска, оперативен директор на Стопанска комора.

Еден од аргументите за воведување на овие рестрикции во продажбата на алкохол беше да се намали неговата консумација во земјава, особено кај младите.

-Единствена ефикасна мерка за намалување на достапноста на алкохолот кај младите е доследната и ригорозна примена на законските одредби за забрана на продажба и точење на алкохол на лица под 18 години, додаде Милевска-Штрбевска, оперативен директор на Стопанска комора.

Земјава има мала потрошувачка на алкохол по глава на жител, во 2015 година изнесувала 5,7 литри според податоците на Светската здравствена организација, значително помалку од европскиот просек кој е околу 10 литри по глава на жител. Во Македонија најмногу се консумира пиво 47,4 %, потоа вино 39,9%, на останатите пијалаци отпаѓаат на 12,6%



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *