Течат уставните рокови за состав на Влада

zaev_mandat

Откако вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев го доби мандатот за формирање Влада, почнуваат да течат уставните рокови според кои треба да состави Влада.

Според Уставот новиот мандатар  има 20 дена за екипирање на новиот владин состав, да се поделат ресорите меѓу партиите во мнозинство, и да се одлучи кои ќе бидат идните министри во Владата.

Сепак, Заев вчера пососчи дека очекува преговорите за формирање на владиниот кабинет да завршат многу порано од предвидениот рок,  односно за дестина дена. На потписите за одредување мандат стојат имињата на 67 пратеници, но неизвесно е колку ќе брои новото парламентарно мнозинство.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *