Тимоние: Одлуката за Влада треба да се донесе брзо, земјата не може да чека

timotie

Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

„Се очекува да се формира влада и важно е таа одлука да се донесе доста брзо, бидејќи земјата не може премногу да чека. Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение кон сегашното успорување на формирањето влада“, рече Тимоние.

Телевизија 24



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *