Трагедија кај Стоби: Возило излета од коловозот и се преврте, возачот загина на самото место

soobrakajka3

Синоќа околу 19,00 часот, на регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „КИА“, управувано од С.П.(47) од с.Црвени Брегови-Неготино, излетало од коловозот и се превртело.

Во незгодата С.П. починал на самото место.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *