Трет ден протести во Белград поради победата на Вучиќ

srbija_protesti

Трета вечер по ред, пред зградата на српскиот Парламент во Белград се одржуваат протести поради победата на досегашниот српски премиер Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија.

Стотици, претежно млади, лица скандираат слогани и носат транспаренти со натписи: „Стоп за диктатурата“, „Во аголот“, „Крај“ и слично.

Демонстрантите се организираа преку социјалните медиуми против „диктатурата на Вучиќ“.

Тие сакаат да бидат променети раководствата на српската државна изборна комисија и националниот медиумски регулатор, како и директорот на српската државна телевизија и неговиот главен уредник, што ги обвинуваат за изборна измама.

Вучиќ победи во неделата, уште во првиот круг од претседателските избори.

Опозицијата наведе дека при гласањето имало голем број нерегуларности.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *