Црна хроника на метрополата

policija_znak_BRIF

Автомобил марка опел астра вчера утрината влетал во супермаркет на булеварот „Македонско косовска бригада“ во скопската населба „Топаанско поле“ и завршил во рафтовите, но по пат закачил осум лица. Исходот од сообраќајката се искршени каси и врати, разнесен излог, уништени рафтови и повредени вработени, јавува ТВ 24.

Со возилото управувал 42-годишен скопјанец, кој прво удрил во 29 – годишен пешак од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Но возачот не застанал тука, продолжил во маркетот и прво удрил во една од касите за наплата предизвикувајќи паника кај вработените.

Продолжил да се движи во просторијата на маркетот, понесувајќи ги со себе металните рафтови и количките за пазарење. Седум вработени завршиле со повреди од предметите и стаклото кои биле разнесени поради силниот удар. Денеска дуќанот продолжи да работи и да ги опслужува муштериите, а штетите од вчерашната несекојдневна сообраќајка полека се санираа.

Според кажувањата на вработените возачот возел со превисока брзина и изгубил контрола над возилото, се качил на тротоарот каде удрил во пешакот, потоа го пробил излогот, поминал покрај касите и се забил во рафтовите со производи.

Од Министерството за внатрешни работи работи информираат дека пешакот бил хоспитализиран, а седум вработени кои биле повредени биле пренесени во болница со итна медицинска помош, а потоа пуштени на домашно лекување.

„Пешакот бил примен во шок соба во Градската општа болница „Св Наум Охридски“. На возачот му е земена крв за анализа која дополнително ќе покаже дали имал алкохол во крвта. Кога ќе биде комплетирана документацијата ќе бидат утврдени причините за несреќата“, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Бурна велигденска ноќ низ улиците на Скопје со полни раце работа за полицијата. Вчера биле евидентирани поголем број инциденти и кражби. Синоќа после полноќ во Центар физичка пресметка пред еден угостителски објект ги разбудила соседите, а еден од учесниците завршил со раскрвавено лице откако бил удренсо стаклено шише. Од МВР информираат дека вчера биле фатени крадци кои оперирале по становите низ Скопје. Против 29 – годишниот Б.В. И 21 годишниот М. Ј се поднесени кривични пријави. Се сомничат дека за месец и половина извршиле 21 кражба и се стекнале со имотна корист од 50.000 евра.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *