ТВ 24: Страотна сообраќајка кај Велес – загина 23-годишно момче

kamion

Дваесет и тригодишно момче од Кавадарци загина утрово во сообраќајна несреќа на влезот на Велес, кога неговиот камион се извртел на патот, а кабината сопрела на работ на провалија. Момчето немало среќа, јавува ТВ 24.

Му се отворила вратата и паднал во провалијата. Веднаш бил пренесен во велешката болница. Таму пак утрово тешко се доаѓаше до официјални информации во врска со починатото момче. Иако болницата има портпарол, изјава за новинарите немаше. Лекарот кој го примил починатиот возач, вели дека се обидувале да го реанимираат, но повредите биле фатални.

Повеќе на Телевизија 24



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *