ТВ24: Груевски бара дополнително обезбедување од 20 бодигарди

nadzorna_gruevski

Пратеникот Никола Груевски во својство на екс премиер бара дополнителни 14 обезбедувачи, дознава телевизија 24. Тој засега има  шест обезбедувачи што значи дека тој сега бара да има 20 обезбедувачи за лична заштита. Барањето Груевски до доставил до МВР со образложение дека добивал постојани закани по животот. Откако го сменија законот од пред четири години Груевски може да го користи државното обезбедување онолку време колку што бил премиер, или во случајот 10 години.

Според телевизијата Груевски и досега користел 20 телохранители меѓутоа без дозвола од надлежен мин.истер, што значи грубо незаконско искористување на државните ресурси, но по доаѓањето на Оливер Спасовски за министер во МВР, Груевски останал со само 6 обезбедувачи колку што и законски му следува.

Процедурата за доделување на дополнително обезбедување треба да помине преку извештај на државната безбедност и контраразузнавање, па потоа потпис на министерот. Груевски досега не пријавил ниту еднаш дека има закани по живот.

Новото обезбедување доколку му биде одобрено сериозно ќе го оптовари буџетот на министерството ако се знае дека би било за период од 10 години, платата на обезбедувачите би била за 45% поголема а тука ќе се јави и потреба министерството да ангажира нови луѓе за нивни потреби.

Според информациите на телевизијата Груевски барањето го поднел на 5 Јули.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *