(ВИДЕО) Двајца полицајци загинаа во престрелка на Елисејските полиња во Париз

pariz

Француските медиуми вечерва известија дека двајца полицајци загинале во престрелка при терористичкиот напад на авенијата Шанзелизе во Париз. Француската полиција извести дека напаѓачот е убиен. Градските власти им советува на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот.

Според портпарол на Министерството за внатрешни работи, пукањето не е поврзано со кражба како што претходно беше јавено. Засега се знае дека напаѓачите намерно пукале на полициска кола. Париското антитерористичко обвинителство потврдува дека се работи за терористички напад.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *