(ВИДЕО) Мајами Хит го повлече дресот на Шекил О’Нил

shakil_onil

Пет средби ја одбележаа синоќешната вечер во НБА лигата, а во неа во фокусот на вниманието беше Шекил О’Нил, на кого му беше укажана голема чест од страна на неговиот поранешен клуб, Мајами.

Тимот на Мајами славеше против Лос Анџелес Лејкерс со 115-107, а токму синоќа Мајами го повлече дресот со број „32“ кој го носеше легендарниот кошаркар.

Тој настапуваше за Мајами само четири сезони, а со оваа екипа во 2006-тата година ја освои и шампионската титула, па така влезе меѓу славните на овој клуб, откако синоќа беше повлечен неговиот дрес.

Лејкерси пак, ќе му оддадат почит на својот поранешен играч поставувајќи му бронзена статуа пред „Стејплс Центарот“, со што Шекил О’Нил ќе добие награда за осумте години поминати во дресот на екипата од Лос Анџелес.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *