(ВИДЕО) СДСМ: Груевски напразно се обидува, не може да биде дел од решението за кризата што ја создаде!

gruevskii3

Одговори на новинарски прашања,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 20.03.2017

П1: Што очекувате утре од Хан?

Од посетата на еврокомесарот Хан, очекуваме дека ќе ги пренесе пораките кои веќе се дадени од страна на Европската Комисија, од страна на Советот на министри на ЕУ, од страна на еврокомесарот Могерини, а тоа е дека во Македонија мора да се врати уставниот поредок. Очекуваме дека тоа е пораката која ќе биде пратена и до Иванов и до Груевски. Очекуваме дека ќе има силна осуда на говорите и повиците на политичко насилство кои ги промовираше Никола Груевски.

П2: Дали воопшто ќе го разгледате документот од ВМРО-ДПМНЕ?

Никола Груевски ја создаде оваа криза, Никола Груевски не може да биде дел од оваа криза. Дефакторизираниот Груевски очајно се обидува повторно да стане фактор во политиката во Македонија. Македонија му кажа збогум на Никола Груевски и тој е минато во политиката и од него не можеме да очекуваме ништо што може да и донесе добро на оваа држава.

П3: Кажавте дека имате информација дека се повикани наставници и професори за утре на протести. Имате ли информација дека за утре се спрема нешто поголемо?

Она што го соопштивме на јавноста, тоа е тоа што го имаме. Во повеќе средни училишта низ државата дојдена е партиска наредба од ВМРО-ДПМНЕ директорите да ја прекинат наставата и да ги пуштата децата на протести. Очигледно е дека, обидувајќи се да избегне од криминалите, обидувајќи се да избегне од лична одговорност, на Никола Груевски не му е мило ништо и не мисли на ништо, вклучително и на безбедноста и животите на најмладите во нашата држава. Да злоупотребуваш малолетници за политички цели зборува само исклучиво за паниката во која во моментов се наоѓа Никола Груевски.

П4: Што очекувате од утрешната седница?

Очекуваме дека во најбрзо можно време ќе се закаже седницата на Собранието на која ќе се избере Претседател и да може да се движи демократскиот процес, очекувавме дека тоа ќе биде направено уште во текот на минатата недела или за деновите на викендот. Неодговорно е Република Македонија да зависи од тоа што Илија Димовски се сонча на некоја плажа во Грција, затоа што бил на викенд и не можеме да продолжиме со работата на Собранието.

П5: Дали веќе е договорено името на претседателот на Собранието?

Кажавме во зависност од тоа како ќе се одвива координативната средба, имајќи во предвид дека ќе постојат неколку варијанти, јавноста благовремено ќе ја соопштиме.

П6: Што ако странските гости не успеат да го премислат Иванов да го даде мандатот, затоа што во интервју за унгарски весник потврди она што ВМРО ДПМНЕ го кажува дека нови избори се решение?

Ѓорѓе Иванов треба да биде свесен за сопствената лична и правна, меѓутоа и историска одговорност којашто ја има за судбината и иднината на Република Македонија. Во Република Македонија мораме најпрвин да го вратиме назад Уставниот поредок, затоа што знаете ако ја задржиме сегашната пракса, зошто ни се нови избори, тогаш можеби ќе му текне на Ѓорге Иванов да не го даде мандатот повторно, се доведуваме во еден апсурд. Во Македонија имаше избори, на Македонија не и се потребни избори, граѓаните на Република Македонија кажаа дека сакаат промени, формирано е ново Владино мнозинство во парламентарна демократија каква што е Република Македонија. Ѓорге Иванов нема право да се противи на Уставот на Република Македонија



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *