(ВИДЕО) Се урна хеликоптер со бизнисмени на автопат во Истанбул

epa05840368 ALTERNATIVE CROP OF epa05840347

Firemen work at the accident site after a helicopter crashed in Beylikduzu district in Istanbul, Turkey, 10 March 2017. According to preliminary reports, the helicopter crashed into a TV tower and crashed to the ground. At least five people were killed.  EPA/DENIZ TOPRAK

Во предградиетот на Истанбул Букчекмеџе утрово се урна хеликоптер во кој имало седум патници, при што петмина загинале, од кои четворица се руски државјани, соопшти телевизијата НТВ.

Според информациите од медиумите, хеликоптерот полетал од аеродромот Ататурк во 11 часот и 16 минути, а пет минути подоцна паднал, пренесува Хуриет.

Хеликоптерот од типот „Сикорки С 76“ удрил во ТВ кулата пред да падне на блискиот автопат, изјавил очевидец за телевизјата Си ен ен Турк. Приватната агенција Доган наведе дека се урнал противпожарен хелкоптер.

Од седуммината во хеликоптерот двајца биле пилоти. Меѓу патниците има раководители на компании и нивни странски гости. Наводно хеликоптерот паднал поради магла, пренесува Спутник.

Спутник објави дека меѓу загинатите се Александар Ванин, Игор Кочергин, Људмила Чурова и Елена Бадрага, како и Салим Озен, сите бизнисмени.  И весникот Хуриет потврди дека меѓу загинатите е Салим Озен, директор на компанијата „Витра Русија“.

-Засега се пронајдени пет тела. Хеликоптерот паднал директно на автопатот, но за среќа во тој момент немало автомобили. Маглата била толку густа што буквално ништо не се гледаше, изјави градоначалникот Хасан Акгун за НТВ.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *