(ВИДЕО) Српскиот принц Ѓорѓе и принцезата Фелона Караѓорѓевиќ го кажаа судбоносното „да“

princ

Српскиот принц Ѓорѓе Караѓорѓевиќ и принцезата Фелона денеска стапија и во црковен брак. Церемонијата се одржа во православната црква во градчето Опленац кое се наоѓа 80 километри од Белград.

Принцот го венча српскиот владика Јован Шумадиски во црквата св. Ѓорѓе, а на венчавката присуствуваа голем број угледни личности од целиот свет.

Сватовите ги пречекуваа витези облечени во облека од 14 век, а младенците беа облечени во вообичаена облека за венчавка.

– Двајцата сме многу возбудени поради венчавката. Привилегирани сме затоа што имаме многу луѓе коидопатуваа од цел свет за да го споделат овој посебен ден – изјави принцот.

Градчето Опленац, познато и како Караѓорѓев град, има посебно значење за кралското семејство Караѓорѓавиќ бидејќи во него е роден основачот на семејството, водачот на Првото српско востание, Караѓорѓе Петровиќ.

 

 



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *