(ВИДЕО) Трамп одби да се ракува со Меркел во Овалната соба

tramp

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одби да и пружи рака на германската канцеларка Ангела Мекрел по разговорот во четири очи, на првата официјална средба во Белата куќа.

Разговорот кој траеше 15 минути, двајцата го оценија како „добар“, а потоа беа повикани новинари и сниматели. За време на фотографирањето во Овалната соба, каде што американските претседатели ги дочекуваат своите високи гости Трамп бил мошне напнат и нервозен.

Иако претходно срдечно ја дочека канцеларката Меркел пред Белата куќа, кога и се ракуваа, Трамп во Овалната соба не се одѕва на молбата на фоторепортерите и снимателите да и пружи рака на својата гостинка.

 



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *