(ВИДЕО) Заев: Потпретседателот на Влада за економски прашања ќе го предлагаат стопанските комори

zaev_stopanska_komora

Одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба во Стопанската комора на Македонија.

„Програмата ја работевме во консултација со бизнис секторот. Многу често нашите претседатели на комисии беа овде во коморите, во секторите на самата комора, беа по регионалните комори исто така на Стопанската Комора на Македонија. Многу што научивме и гледаме дека има уште многу што да учиме од бизнис заедницата. Она коешто претставува нов моментум СДСМ ја отвора темата токму Стопанската Комора на Македонија во консултација со помалите комори на Македонија, да го делегира наредниот потпретседател на Владата на Република Македонија за економски прашaња, без било какви сугестии или слично, автентично нивно решение, како израз на градење на партнерски однос од којшто наредната Влада ќе учи, ќе го следи она што значи потреба на домашното стопанство и она коешто значи реализација на моментумите каде што му треба вистинска поддршка и помош на стопанството, заради тоа што убедени сме дека на тој начин на државата ќе и помогнеме.“



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *