(ВИДЕО)Ковачевски: РЕК Битола има нова хаварија, увезената струја досега однесе 2 милиони евра

kovacevski

Според последните официјални информации, не само што не е направен еден од блоковите на РЕК Битола којшто не работи, туку има дополнителна хаварија. Пукнати се цевки. Ива го изјави на прес -конференција, Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО СДСМ – Битола.

– Ова му се случува на комбинатот иако се дадени неколку стотици милиони евра пари на граѓаните за наводни поправки и ремонти.
РЕК Битола произведува речиси 80 проценти од струјата во Македонија. Поради неодговорните политики на досегашната власт којашто 10 години се занимава со криминални тендери, не работат други енергетски капацитети, како ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино…
Ете затоа граѓаните се во ризик, на минус 20, во време на големиот студ што ја зафати државава, да останат без струја! – вели Ковачевски.

Тој додаде дека засега проблемот се решава со многу скап увоз на струја, што до вчера ги чинеше граѓаните на Македонија околу половина милион евра, само за два дена.

Ковачевски соопшти и нови официјални податоци во врска со увозот на струја.

-Распишан е нов тендер за интервентен увоз на струја за денеска и утре.Цената е плафонска, над 600 проценти повисока од одобрената од Регулаторната комисија за енергетика.За вечер е набавена увозна струја по цена од неверојатни 220 евро по мегават час и тоа ќе ги чини граѓаните 155.000 евра. Увезената струја за утре и задутре ќе ги чини граѓаните 1.286.000 евра!- рече Ковачевски.

Според него за пет дена, граѓаните на Македонија, поради несериозната власт којашто во студ ги остави без домашна струја ќе платат огромни речиси 2.000.000 евра! (1.905.666 евра).

Ковачевски вели дека решението на ваквата состојба е во избор на нова одговрна Влада.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *