ВМРО ДПМНЕ, душмани на земјоделците

lence_nikolovska

Такви беа на власт, истите се сега и во опозиција. За да се спасат себе си од СЈО, да куртулат од затвор, за да ги зачуваат украдените милиони, тендери, концесии, злоупотребени субвенции…се ќе направат, ќе ги искористат сите средства и интриги и сите луѓе што можат да им помогнат во тоа. Земјоделците во овој случај за нив се најлесната жртва. Манипулирани со години, со научени тактики, популизам и заплашување од страна на поранешната власт, земјоделците први подлегнаа на лажните обвинувања на новата влада од страна на оние кои ги создадоа проблемите. Во оваа операција со години им помагаат и таканаречените лидери на земјоделците кои ја „продаваат“ приказната кај земјоделците, секогаш со напад врз СДСМ и кога е во опозиција и кога е на власт?!

Штом на ДПМНЕ им станало јасно дека ја губат власта, сета креативност ја насочиле како да им отежнат на идните функционери од новата влада, не гледајќи при тоа дека жртва ќе бидат земјоделците, оние за кои сега наводно се залагаат. Почнале со неажурирање на податоците за добивање на субвенции за тутунот. Операција со која се опфаќаат 30 000 тутунарски семејства на кои буквално егзистенцијата им зависи од овие субвенции. И успешна им беше мисијата, наместо веднаш да им се исплатат парите, тутунопроизводителите мораа да чекаат  новата влада да ја исправи оваа пакост направена од луѓето на Груевски. 25 милиони евра со задоцнување стигнаа до нив.

За производителите на праски смислиле друга пакост, им ја сопреле водата во фаза кога најмногу им требаше  за овошките да формираат крупен плод, кој ќе нема проблем со пласманот. Дополнително локалните моќници кои ги создаде Груевски ги активирале своите врски за да се отежни пласманот. Интервенираше новата влада со 6 денари за килограм праски предадени во преработувачки капацитет.

Проблем со водата направија и во Тиквешијата, 1200 ха под винова лоза за малку ќе се исушеа, ако не се превземеа итни мерки за санирање на дефект кој можеше многу порано да се поправи и системот за наводнување да биде ставен во функција. И тоа го реши новата влада.

Најголемиот шок за земјоделците и особено овоштарите од Преспа е фактот што не е завршена проценката на штетите од мраз, пари кои ги ветуваше ВМРО ДПМНЕ?! Значи знаеле дека нема проценка, не е завршена процедурата, но ги лажеа земјоделците дека секој момент ќе ги исплатат парите?! Ете и тоа сега се работи забрзано, како што најавија од ресорното министерство.

Во моментов пласманот на лубениците, пченицата, доматите, краставиците…е директно зависен од мрежата на ВМРО ДПМНЕ која ја имаат создавано 11 години со одредени трговци и откупувачи. Тие сега работат и со загуба само да се покаже неспособност на актуелната власт. Земјоделците се колатерална штета и во оваа политичка игра на бившите властодршци.

Македонија сеуште е заробена држава од инсталациите на Груевски, кои смислено, само заради личен интерес работат против граѓаните. Но ќе ја ослободиме.

 

Ленче Николовска



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *