Во Приштина застрелан Азем Власи

azem_vllasi

Поранешниот политичар и адвокат, Азем Власи, беше повреден во пукање што се случи утрово во Приштина.

Засега неидентификуван вооружен напаѓач отворил оган врз Власи во близина на неговиот дом во Приштина, известуваат косовските медиуми.

Неговата сопруга Надира Авдиќ Власи изјави дека еден човек го ранил во рамото Власи и дека тој во моментов е во Ургентниот клинички центар на Косово, надвор од животна опасност, пренесува “Бета”.

– Утрово кај нас дојде еден човек кој побара да биде застапуван од Азем во одреден случај. Азем рече дека не работи на овие случаи и после тоа имаше, како што можев да забележам, туркање, а потоа се слушна истрел. Азем е ранет во рамото – рече Надира Авдиќ Власи.

Азем Власи е свесен и сега се подготвува за операција, додаде таа.

Полицијата е на местото на настанот каде што ја спроведува истрагата.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *