Вучиќ: Путин не е на страната на Заев

vucik

Ситуацијата во регионот била една од главните теми во разговорот меѓу српскиот Премиер и кандидат за Претседател Алексанадр Вучиќ и рускиот Претседател Владимир Путин вчера во Москва.

Според изјавата на Вучиќ по разговорите, во Русија постои голема загриженост за тоа што се случува на Балакнот.

Вучиќ смета дека според она што го добил како впечаток , може да заклучи дека Путин не гледа благонаклонето кон Зоран Заев и партиите на Албанците во Македонија заради поддршката на западот и Америка:

,,Мислам дека се многу загрижени и тоа можам да го објаснам така што колку повеќе западните сили го поддржуваат Заев и партиите на Албанците, толку рускиот Претседател не е на нивна страна“-изјави Вучиќ.

AKO.mk



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *