Жито Лукс со вредна донација го одбележува 70годишниот јубилеј

zito_luks

Спирометри и инхалатори за Детската клиника и апарат за рано откривање на туберкулоза за Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, е најновата донација од Жито Лукс. Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, крајот на мината година го одбележа 70годишниот јубилеј, а средствата ги пренасочи во оваа вредна донација.

 

Идејата за одбележување на јубилејот со донација беше едногласно прифатена и поздравена од целиот колектив. Одлучувачки фактор за намена на средствата беше актуелниот период во кој се соочуваме со зголемена појава на респираторни инфекции, а особено фактот дека децата најмногу страдаат од истите. Затоа решивме да придонесеме за обезбедување на медицинската опрема што недостига на детските оддели на двете институции во Скопје, а нејзината примена е токму за превенирање и лечење на на тие инфекции“, изјави Лидија Трајковска Ристевска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

 

За Клиниката за детски болести, Жито Лукс донира инхалатори и спирометри, дијагностички апарати за рана детекција на респираторните заболувања кај децата како и можност од алергиски компликации.

 

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, дневно се прегледуваат и по триста деца, а многу од нив дури и неколку месечни бебиња се хоспитализираат со бронхитис и други акутни респираторни инфекции. Донираниот апарат ќе помогне во рана детекција на патогени и туберкулозни бактерии.

 

Водени од компаниската филозофија и општествено одговорна компонента во својата стратегија, Жито Лукс во континуитет спроведуваат донаторски кампањи со што се истакнува како компанија со активен и ангажиран однос во заедницата.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *