Зијадин Села в понеделник на прес – конференција

sela

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари на својот Фејсбук профил објави дека во понеделник, во 13 часот, во партиските простории во Тетово прес конференција ќе одржи лидерот на Движењето за реформи -ДПА, Зијадин Села, првпат откако беше брутално претепан на крвавиот четврток.

Претходно медиумите информираа дека здравствената состојба на Села, се влошила и тој морало да биде хоспитализиран надвор од Македонија. Села беше сериозно повреден при инцидентот во Собранието на 27 април, по што беше итно префрлен во една од скопските клиники, каде што му беа дијагностицирани повеќе сериозни повреди.

Само по еден ден тој беше префрлен во тетовската клиника, каде што беше задржан поради контузија на мозочно ткиво, хематом и фрактура на черепот. По неколкудневен медицински третман, тој беше пуштен на домашно лекување во Струга.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *