Зверев кон Федерер: Можеше да бидеш пољубезен и да ми дозволеше да освојам уште некој поен

zverev_federer

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, го освои својот деветти пехар на АТП турнирот во Хале. Швајцарскиот ас во денешното финале со убедливи 2-0 (6-1, 6-3) го совлада младиот Александер Зверев од Германија, а по мечот не го криеше своето задоволство од прикажаната игра овие денови.

„Играв неверојатно добро. Се чувствувам одлично и ме радува што немав падови на тука, а денешниот меч ми е најдобар во последниот период. Скоро сè ми функционираше. Зверев е одличен тенисер и се радувам за него. Сигурен сум дека ќе напредува и во иднина ќе биде еден од најдобрите“, изјави Федерер.

На овие зборови на Федерер низ смеа накратко одговори германскиот тенисер:

„Можеше да бидеш пољубезен и да ми дозволеше да освојам уште некој поен“.

Денешното финале траеше само 54 минути, а Федерер доминираше во секој сегмент од играта, што потврдува дека поразот во првото коло во Штутгарт беше само лош ден.

Izvor: gol.mk



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *