181 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење

“На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл”, соопшти МВР.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возење под дејство на алкохол…
“Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта”, порачаа од МВР.


Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести