186 санкции за брзо возење 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи.

„Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести