212 санкционирани возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (09.08.2023) спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата санкционирани се 212 возачи од кои 133 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 36 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

“Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта”, истакна МВР во соопштението.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести