22 годишно момче се удави во Радика

22 годишно момче се удавило во реката Радика.

Неговото тело било извадено во близина на селото Јанче, откако локални рибари го забележале и пријавиле во полиција.

Според СВР Тетово, вчера во попладневните часови (19.05.2021 во 17.00) часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог”, општина Маврово и Ростуше, било пронајдено телото на Б.А.(22) од село Ростуше.

По пријавата била повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника