24 Вести: Владата тврди дека се исплатени 95% од земјоделските субвенции

Околу 95 отсто од ланските субвенции за земјоделство се исплатени, велат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделстцвото и руралниот развој. Законскиот рок за исплата заврши вчера, а од Агенцијата посочија дека во периодот што следи ќе се врши исплата на земјоделците што имале проблем со документацијата, информира 24 Вести.
Но, на терен дел од земјоделците велат дека состојбата со исплатата e поинаква. Од Сојузот на синдикати на земјоделци велат дека според нивните информации и пресметки околу 30 отсто субвенциите се уште не се исплатени.
„Според информациите кои ние ги имаме реализацијата е околу 70 отсто.Сеуште има земјоделци кои не земале субвенции, а имаат уедна документација.Има случаи на земјоделци на апликацијата им е одобрена а пари се уште не земале.“, велат од  Регионалниот сојуз на синдикати на земјоделци
Од друга страна, од Асоцијацијата на земјоделци велат дека според нивните информации, најголем дел од субвенциите се исплатени.
„Најголем дел од субвенциите се исплатени, според нашите информации субвенции немаат земено земјоделците со неуредна докуменатација, оние кои чекаат дополнителни субвенции, и земјоделците што ја чекаат третата рата за субвенција за млеко“. Велат од Асоцијација на земјоделци
Лани субвенциите за земјоделството изнесуваа  близу 140 милиони евра, а за годинава се предвидени, 150 милиони евра.Трендот на пораст на субвенции позитивно го оцени Светска банка во еден од последните извештаи за македонското земјоделство, но при тоа укажа дека постои несигурност во однос на времето на исплата на директните плаќања, што влијае врз намалување на ефектите што треба да произлезат од субвенциите.

Извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести