30 дена притвор за мајката чие дете изгоре во пожар, трите други деца однесени во засолниште

Мајката на 7-годишно дете кое загина вчера од пожарот што го зафати станот, каде било врзано со ланец, доби 30 дена притвор. Таа е осомничена за тешка повреда на семејните обврски што довело до смрт на нејзиниот син, дело за кое може да биде осудена на затворска казна до 5 години.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека е обезбедено сместување за трите малолетни девојчиња од ова семејство во соработка со СОС Детското село.

Центарот за социјални работи во Гостивар немал информации за ова семејство.


]]>

Најчитани вести