46-годишно лице од Скопје обвинето за семејно насилство врз партнерката, пријател му давал „совети“ како да ја тепа?!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 46-годишен скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и против едно 34-годишно лице за кое во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека со умисла му помагало на првиот обвинет да го стори семејното насилство.

На 29 мај, во својот дом на улицата „Партение Зографски“, обвинетиот тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка, така што без особен повод и причина, физички ја нападнал и почнал да ја удира со шлаканици во пределот на лицето и главата и со клоци во пределот на екстремитетите, во пределот на бедрата и кај градниот кош под градите.

Вториот обвинет во тоа време бил присутен во домот на обвинетиот, но не презел ништо да ја заштити жртвата, туку напротив му давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Во домот била присутна и мајката на првообвинетиот, која се обидела да ја одбрани жената од физичкиот напад, но вториот обвинет ја запрел, обраќајќи ѝ се со зборовите “остани настрана, сами нека го решат проблемот тоа е нивнa личнa работа”. Допонително, второобвинетиот во моментите на физичкиот напад го бодрел сторителот со зборовите “ако треба заедно со мене ќе ја издржиме казната”.

Од многубројните удари, оштетената се здобила со тешки телесни повреди  набиеници, подливи и мултифрагментарна скршеница на носните коски.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести