Каков труд ќе вложите оваа година такви ќе бидат догодина резултатите за европскиот пат кој земјата го оди . Вака евроамбасадорот во земјата Михаел Рокас се обрати пред присутните во собраниската сала на која се презентираа двете истражувања а во кои усчествуваа и претставници на Конрад Аденауер но и на институтот за демократија Социетас Цивилис . Рокас уште еднаш апелираше дека како што рече вратите на ЕУ се отворени за земјата но причината повеќе не надворешниот фактор туку она што е потребно е внатрешено обединување на сите македонски општествени и политички чинители на патот кон евроинтеграциите .
Презентирајќи ги дел од наодите и истражувањата беше посочено и дека расте поддршката за членство на македонските граѓани за влез во ЕУ или според последните истражувања дури 71% од нив се изјасниле така сепак отпорот кон уставните измени и натаму голем
Власта и опозицијата пак и денеска со спротивставени ставови . Лидерот на СДСМ Венко Филипче и денеска обвини дека актуелната власт ја носи земјата кон изолација и не покажува добари резултати на патот кон евроинтеграциите додека пратеникот од ВМРО ДПМНЕ и претседател на Комисијата за европски прашања Антонио Милошовски пак посочи дека фрустрацијата кај македонските граѓани е тоа што за земја како Македонија постојано се менуваат условите во преговорите .
Инаку на денешната седница на Комисијата за европски прашања се дискутираше и приоритетите на кипарското претседателство, беше побарано од амбасадорот на Кипар за земјава Андреас Фотиу да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите кои најавија блокади но исто така се дискутираше и за Меморандумот за побрза интеграција и побрз непречен транспорт за земјите од западен балкан .
извор: 24.mk


